Кралот Чарлс III ја презеде новата функција приближно во исто време кога беше избрана новата премиерка, Лиз Трус. Премиерката разговарала со кралот во Бакингемската палата, а видеото од нивната средба брзо стана тема на социјалните мрежи.
На многумина најпрвин им беше смешен поздравот на премиерката и кралот, при што Чарлс лежерно ѝ уфрли коментар кој, во најмала рака, беше урнебесен.
NEW VIDEO: King Charles holds the first of his weekly audiences with Prime Minister Liz Truss.
It happened today at Buckingham Palace pic.twitter.com/VibppWrT8C— Chris Ship (@chrisshipitv) October 12, 2022
– Повторно сте тука? – рекол кралот, додека премиерката додала дека ѝ е големо задоволство.
На што кралот само кратко одговорил: „Ох, Боже. Како и да е…“
I will gladly fund the royal family for more of this content.
King Charles greets Liz Truss with: ‘Back again? Dear, oh dear’ https://t.co/jpWR9w7uBi
— Kate Pruszynski (@KatePruszynski) October 13, 2022
Коментарите постојано доаѓаа, при што луѓето главно се прашуваа дали премиерката воопшто разбира за што зборува, додека еден духовит твитерџија сугерираше дека може да му плати на кралското семејство за уште некоја смешна содржина.
Патем, тоа не е единственото нешто што привлече внимание. Во кабинетот каде кралот ја угости премиерката имаше интересна фотографија која никој не би ја очекувал. Станува збор за фотографија на принцот Хари и Меган Маркл од венчавката, па се претпоставува дека Чарлс сака да ја поправи нарушената врска со синот.