Прашината постојано се враќа секогаш кога ќе се избрише, а тоа ги напаѓа нервите на повеќето луѓе. Особено е макотрпно кога се брише од потемна основа.
Секој од нас сака волшебна алатка која ќе ни помогне да ја снема прашината засекогаш, иако тоа не е можно. Затоа сите ширум светот се обидуваат да го најдат идеалното решение. Состојките за ова средство најчесто ги имаме дома, и технички нема да не чини ништо или можеби околу 100 денари.
Состојки:
1 лажичка маслиново масло
2 лажички оцет
2 лажички детергент за садови
1 чаша вода
неколку капки есенцијално масло
1 шише со распрснувач
Подготовка:
Сите овие состојки можете да ги истурите во сад и да ги измешате. Потоа, истурете ја смесата во шишето и добро протресете. По ова, средството е подготвено за чистење, а прашината нема да се врати веднаш, како што обично се случува.
ТУКА може да го погледнете видеото во кое е прикажана подготовката.