Се чини дека романсата на Бред Пит и Инес де Рамон доби сериозен пресврт. Имено, холивудскиот заводник го прославил својот 59-ти роденден во друштво на поранешната сопруга на актерот Пол Весли, а папараците ги „уловиле“ како се дружат во Холивуд.
Во ноември, извор потврди за магазинот „Пипл“ дека Бред и Инес се во врска веќе неколку месеци, а првпат се видени заедно на концерт во театарот „Орфеум“ во Лос Анџелес, кога им се придружија Синди Крафорд и Ранди Гербер. Иако се трудеа да ја задржат анонимноста, Пит и Де Рамон повремено се држеа за рака, си шепотеа на уво и беа многу интимни, па нема сомнеж дека ова не било само пријателски состанок.
Споменатиот извор тврди дека оскаровецот навистина се заљубил во Инес, која на почетокот на годинава се разведе од нејзиниот сопруг, ѕвездата од „Дневниците на вампирите“. Де Рамон работи во индустријата за накит и моментално е менаџер на големо за брендот за накит Anita Ko Jewelry со седиште во Лос Анџелес.
Минатиот четврток Инес му беше придружничка на Пит на афтер-забавата за премиерата на неговиот нов филм Вавилон, а изворите истакнуваат дека тоа е доказ дека на Бред навистина му се допаѓа.
“Инес рече дека Бред е многу симпатичен. Двојката планира да ја помине Новата година заедно”, рекол инсајдерот.