Старите Словени верувале дека овој чај е најмоќниот лек: Го намалува крвниот притисок, помага при анемија, ја чисти крвта и бубрезите, но само ако го приготвите на посебен начин

popara12 јуни, 20221min00
24677_shutterstock-1661574463_f

Исто така, се верувало дека липата штити од зло и уроци, па луѓето граделе куќи крај нив.

Нејзините цвеќиња се користат за чај од липа. Лековитите својства на чајот од липа се исклучително големи, а за тоа зборува и историјата на Словените кои многу ја почитувале липата. Докажаните лековити својства на липата се: го намалува крвниот притисок, исклучително е добра за ублажување на болки при мокрење, го забрзува излачувањето на потта и урината, помага при анемија, водени болести, ги чисти крвта и бубрезите.

Чајот е исклучително добар за настинки, грип и респираторни заболувања, лечи хронична и спазматична кашлица, против грчеви, смирува (ги релаксира напнатите нерви и дава добар сон), лечи епилепсија, спречува пневмонија, лечи песок во бубрезите, ги отстранува брчките и пегите од кожата на лицето, спречува опаѓање на косата, помага кај изгореници и рани, ја забрзува столицата.

Најважно е да знаете како се подготвува чајот.

  1. Класичен начин на подготовка на чај од липа – Освен ако не е поинаку наведено во упатството на пакувањето, прелијте ја лажицата со билка или филтер кесата со 0,2 литри врела вода. Покријте и оставете да отстои 5 до 10 минути. Процедете и пијте свежо сварен чај.
  2. За чај од липа кој ги опушта нервите и дава добар сон – Се вари 1 литар вода додека не почне да врие, се става 10 – 20 гр цветови од липа, се прелива цветот со врела вода, се остава 5 – 10 минути, процедете го чајот, потоа можете да го пиете, но овој чај се пие три пати на ден по 1 шолја.
  3. Чај од липа против дијареа – Варете 1/2 литар вода додека не почне да врие. Направете мешавина од: 30 гр цветови од липа и камилица, 10 гр петровец, цвет од роза, шипка и подабиче. 3 лажици од смесата прелијте ги со врела вода. Оставете покриено 1 час. Процедете го чајот. Овој чај се пие што потопол во текот на денот.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma