За време на сезоната на вируси, сите ние масовно купуваме цитруси
Цитрусите никако не треба да се чуваат во фрижидер, а причината е многу едноставна. Лимонот и другите цитруси го губат вкусот доколку се чуваат во фрижидер и на многу ниски температури.
Исто така, голема грешка е да се чуваат агрумите во хартиени кеси бидејќи постои голема можност да се развие мувла.
Како тогаш се чуваат лимоните и другите цитруси?
Трикот е многу едноставен, а сигурно е дека веќе сте го виделе во кафулиња и барови.
Лимоните остануваат свежи најдолго ако се чуваат во свежа, постудена вода. Редовно менувајте ја водата и не грижете се. Лимонот, грејпфрутот и портокалите нема да омекнат, туку напротив. Така, ова овошје може да стои со денови, а ќе ја зачува својата свежина и вкус.