СТАР РЕЦЕПТ ЗА ВАНИЛИЦИ: Крцкаво тесто кое се топи во устата – можат да се јадат и две недели по спремањето

popara20 декември, 20221min00
307231_vanilice_ls

Колачињата ванилици „добро одат“ со домашно кафе и одбрано друштво. Ви пренесуваме стар рецепт кој им успева на сите:

Состојки:

250 грама маснотии или путер;
500 грама брашно;
4 јајца;
100 грама мелени ореви;
лимон;
малку џем од кајсии;
250 грама шеќер;
шеќер во прав.

Начин на подготовка: Маснотиите или путерот се матат додека не се запени, се додава една жолчка и едно цело јајце, шеќерот и сок од цел лимон. Истурете брашно и замесете тесто, па расукајте ја кората до дебелина од 5 милиметри.

Формирајте ги колачињата со модла или мала чаша.

Секое колаче потопете го во изматен снег од две белки и посипете ги со мелените ореви. Наредете ги во намрсен плех и ставете ги во загреана рерна да се печат, но внимавајте да останат бели т.е. да не порумени.

Кога ќе се испечат, покријте ги со џем и поврзете две. Додека ванилиците се уште се топли, извалкајте ги во шеќер во прав.