СТЕ СЛУШНАЛЕ ЛИ ЗА NAIL SLUGGING? Корисниците на ТикТок тврдат дека овој третман им ги зајакнал ноктите, а состојките веќе ги имате дома

popara24 август, 20221min00
Hailey-Bieber

Веројатно сте слушнале за ‘slugging’ – огромен тренд кога станува збор за нега на кожата. Станува збор за нанесување густ производ, обично вазелин, преку производот за нега навечер за да постигнете подлабока хидратација, пишува Allure.

На TikTok сите брмчат за овој тренд, па не е изненадување што корисниците најдоа друга апликација – на нивните нокти. Посебно внимание привлече кај оние кои имаат проблем со слаби и кршливи нокти и болни кутикули.

Кога ќе напишете #nailslugging во пребарувачот на TikTok, ќе видите дека многу корисници го започнуваат третманот со нанесување масло за нега што го втриваат во ноктите, проследено со подебел мелем или вазелин.

Nail slugging го одобруваат и стручњаците кои велат дека таквиот третман може да помогне доколку сакате долгорочно да го спречите стареењето на рацете, да добиете поцврсти нокти и поздрави кутикули.

„Улогата на кутикулата е да спречи нечистотија и бактерии да навлезат во коренот на ноктот и да предизвикаат инфекција. Кога е сува, таа е склона кон пукање, што ја компромитира заштитната бариера и ја зголемува можноста за бактериска или габична инфекција“, објасни на Allure маникирката Бритни Бојс.

@jacquelinekilikita

Inspired by @💉 Dr Charles MD 💉 @lovefreshpaint @MyTrendyNails #beautyinatik #nailslugging #slugging

♬ Summer Love – Sole Sole

Некои дерматолози тврдат дека вазелинот е „лек за нашата кожна бариера“ и препорачуваат да се држите до производи без мирис и прочистени минерални масла. Други експерти советуваат да се користи крем за раце наместо вазелин, бидејќи тој не се апсорбира во кожата. „Остава леплива текстура. Претпочитам да користам масло или крем што ќе ми падне во кожата и не се пренесува на мојот телефон“, изјави Бојс.

Се препорачува да се нанесува slugging еднаш или двапати неделно, навечер, додека производите за нега на кутикулите може да се применуваат секојдневно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma