Стивен Спилберг објаснува како разводот на неговите родители го инспирирал да го направи филмот „E.T. Alien“

popara26 април, 20221min00
40-godisnjica-filma-et-vanzemaljac-2-830x0

– Разводот создава голема одговорност, особено ако имате браќа и сестри – вели режисерот

Филмот слави 40-годишнина откако беше објавен во 1982 година. Родителите на познатиот режисер се развеле во 1966 година, кога тој сè уште бил средношколец.

За време на настапот на „Tarner Classic Movies Film Festival“ минатата недела (21-ви април), Спилберг откри како настанал филмот. Тој и кажа на публиката дека размислувањето за разводот на неговите родители го натерало да ја преиспита последната сцена од неговиот филм од 1977 година „Блиски средби од трет вид“.

– Што ако тоа мало суштество никогаш не се врати на бродот? Што ако мојата приказна за разводот ја претворам во приказна за децата, семејството, обидот да исполнам голема потреба и да создадам таква одговорност? изјави Спилберг, пренесува „The Independent“ и додава:

– Разводот создава голема одговорност, особено ако имате браќа и сестри; сите се грижиме еден за друг. Што ако Елиот, или едно дете – сè уште не му смислив име – за прв пат во животот треба да стане одговорен за облик на живот што ќе ја пополни празнината во неговото срце? – рече тој.

Додаде дека во тоа време работел и на „вистинско буквално сценарио“ за разводот на неговите родители.

– Работев на идеи за тоа и што тоа им направи на моите сестри и мене – објасни режисерот, пишува „NME“.

Минатиот месец Спилберг беше критикуван на интернет затоа што актерската екипа од серијата „Squid Game “ ја нарече „непознати луѓе“.

– Доаѓа „Squid Game“ и целосно ни ја менува математиката на сите нас. Долго време локалните ѕвезди ја носеа публиката во кино. Денес е интересно, непознати луѓе можат да глумат во цели мини-серијали и можат да бидат во филмови – рече тој за време на говорот на доделувањето на наградите „PGA“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag