Стигнаа страшни санкции за Вил Смит: 10 години ќе му биде забрането учество на Оскарите

popara9 април, 20221min00
dolbi-teatar-vil-smit-kris-rok-830x0

Донесена е одлука за санкциите кои ќе ги сноси Вил Смит затоа што му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите на 27 март. Актерот ќе добие 10 години забрана за добивање на престижната награда.

Академијата за филмски уметности и науки, која ја организира церемонијата на доделување на наградите, денеска виртуелно се состана за да разговара за дисциплинските мерки.

Смит се извини за своите постапки и поднесе оставка од Академијата.

Да потсетиме, среде доделувањето на наградите, Смит отиде на сцената и му удри шлаканица на Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит.

Набргу по инцидентот, Смит го доби својот прв Оскар и се извини на Академијата, колегите и јавноста за претходниот инцидент, но не и на Крис Рок. Два дена подоцна му се извини и на комичарот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma