Стилистката ги откри најголемите грешки кои ги правиме при комбинирање фармерки со чизми!
Речиси и да нема човек на светот кој нема барем еден фармерки во плакарот. Ова парче облека е омилено на многумина бидејќи е практично, може да се комбинира со речиси се, а воедно е и удобно.
Стилистката од Нешвил, Блер, често објавува корисни модни совети на Инстаграм, а во едно видео се осврна и на грешките што ги правиме во стилизирањето на фармерките, поради кои стајлингот изгледа малку евтин и старомоден.
Блер вели, а тоа го покажува и примерот, дека таканаречените „бојфренд фармерки“ или фармерки со рамен крој не треба да се ставаат во чизмите или какви било длабоки обувки. Изгледа многу подобро кога фармерките ќе паднат преку чевлите.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Друга грешка што многумина ја прават, особено во пролетните комбинации на облека, е тоа што кога носат пократки фармерки, тие се прекратки и откриваат премногу. Стилистката покажа дека изгледа многу подобро кога фармерките откриваат само сантиметар или два од кожата.
Доколку сакате фармерки кои немаат раб на долниот дел, туку изгледаат „искинато“, Блер советува да бидат до зглобот, во спротивно ќе изгледаат евтино и старомодно.
Оваа сезона повторно во тренд се ѕвонарките кои може да изгледаат одлично и да ја издолжат вашата фигура, но стилистката ве предупредува да ја избегнете честата грешка и да купите предолги фармерки кои се влечат по подот. Без разлика дали ги носите со рамни или чевли со високи потпетици.