Диетата „Fodmap“ е наменета за оние кои имаат проблеми со варењето, дијареа, запек, гасови и надуеност. А освен што го подобрува здравјето, помага и при слабеење.
„Fodmap“ е кратенка за ферментабилни олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли, кои се јаглехидрати со краток синџир, т.е. шеќери кои слабо се апсорбираат од тенкото црево. Бидејќи од исхраната се исклучени одредени групи на намирници, консултирајте се со лекар пред да ја држите диетата.
Има три фази
На почетокот, од исхраната се исфрлаат намирници кои имаат големо количество на „fodmap“ хранливи материи. Потоа, на секои три дена, некои од овие намирници се воведуваат во исхраната, една по една, со цел да се утврди кои производи предизвикуваат нарушувања. Во третата фаза тие намирници се избегнуваат и ограничуваат, додека другите се користат слободно. Елиминацискиот дел од диетата трае од две до шест недели.
Дозволено е да јадете:
Зрна: ориз, овесни снегулки, киноа, просо, леќа, леб без глутен и житарки
Млеко и млечни производи: млеко без лактоза, оризово, овесно, соино и други растителни млека, јогурт без лактоза
Зеленчук: морков, тиква, зелка, целер, спанаќ, компир, домат, тиквички, модар патлиџан, боранија, цвекло, црвен пипер, маслинки, зачински билки
Мешунки: грашок, производи од соја
Овошје: банана, боровинки, јагода, малини, грејпфрут, киви, портокал, лимон, ананас
Јаткасти плодови: бадем, лешник, орев
Засладувачи: стевиа, јаворов сируп
Забрането е да се јаде:
Житарици: леб и колачи, бисквити, тестенини, пченично брашно, јачмен, ‘рж, кускус, мусли
Млеко и млечни производи: кравјо и козјо млеко, јогурт со лактоза, млади сирења, путер, сладолед, павлака
Зеленчук: аспарагус, карфиол, кромид и лук, печурки, праз, анасон, артичок, проќељ, брокула, ротквица
Мешунки: грав, наут, леќа и соја
Овошје: јаболко, круша, лубеница, кајсија, авокадо, цреши, праска, слива, овошни сокови
Јаткасти плодови: ф’стаци, индиски ореви
Засладувачи: сируп од агаве, мед, малтитол, ксилитол, фруктоза, сорбитол