
Ако не сакате да спиете голи, само облечете ноќница.
Сите сме слушнале: после секс мора да го испразните мочниот меур за да го избегнете ризикот од инфекција. И каква врска има долната облека со тоа?
Ритуалот со работи кои треба и не треба да се прават после секс е специфичен и го штити и нашето физичко здравје и здравјето на нашиот сексуален живот. Гинеколозите анализирале 4 потези кои секоја жена треба да ги направи после секс.
Не носете долна облека после секс
Ако не сакате да спиете голи, само облечете ноќница или широки памучни пижами. Не носете долна облека до утрото, во спротивно може да дојде до инфекција. Спиењето без долна облека и помага на вашата вагина да „дише“. Ова го намалува ризикот од габична инфекција или чешање.
Отстранете ја влагата
Сексот по дефиниција е „неуреден“. Пот, лубриканти и вагинални течности може да ја остават вашата чувствителна област доста влажна. Користете крпа или тоалетна хартија за да го отстраните вишокот на влага. Бактериите се развиваат во влажни услови. Ако не ја отстраните влагата, се зголемуваат шансите за габична инфекција.
„Влагата е нешто што сакаме да го избегнеме, особено за жените кои се склони кон габични инфекции. Не мора силно да триете. Со едноставни допири, вашата вагина ќе се исуши. Доколку мислите дека е потребно, прво можете да се измиете со чиста вода и сапун без мирис, а потоа добро да избришете. Само не користете миризливи сапуни. Вагината, со своите природни течности и кисела средина, сама ќе се исчисти“.
Број 1 после секс
Дури и ако вашиот мочен меур не е полн, обидете се да уринирате. Протокот на урина ќе помогне да се отстранат бактериите од уретрата. Инфекциите на уринарниот тракт „напаѓаат“ кога бактериите кои природно живеат во вагината или дебелото црево ненамерно се туркаат во уретрата за време на сексуалната активност.
Обрнете внимание на вашата вагина
Не мора да користите лупа за да се прегледате. Само слушајте го вашето тело после секс и забележете каква било непријатност, чешање, болка или крварење. Во зависност од тоа колку долго траат симптомите или ако има причина за загриженост – на пимер ако не користите кондом и сте загрижени за сексуално преносливи болести – разговарајте со вашиот гинеколог и објаснете точно каков проблем имате.