Студио во Лондон нуди бесплатно отстранување на тетоважи со ликот на Канје Вест

popara7 декември, 20221min00
kanye-west-kanje-vest-830x0

По контроверзните изјави на Канје Вест (44) за тоа како го сака Хитлер и нема ништо против нацистите, студио за отстранување тетоважи во Лондон нуди бесплатно отстранување тетоважи со ликот на раперот.

Лондонското студио NAAMA го објави ова кон крајот на минатиот месец, по неговиот антисемитски испад.

– Ако имате тетоважа на некој на кој му се восхитувате, а потоа завршува на насловните страници од погрешни причини, NAAMA ви дава високотехнолошки третман за да ја отстраните таа тетоважа. Ако сакате промена, ние сме тука – објавија од студиото со видео од отстранување на тетоважите со ликот на Вест, а сопственикот на студиото Бриони Гарбет контактирал со CNN.

– Се зголемува интересот за отстранување на тетоважите со ликот на Канје Вест, има се повеќе поранешни обожаватели.

Досега, вели, три лица дошле во неговиот салон за отстранување тетоважи, а уште десет резервирале третман.

– Кога вашиот идол ќе заврши на насловната страница од погрешни причини, сигурно не сакате да го носите нивниот лик на вас. Сакаме да им помогнеме на луѓето кои се засрамени од изјавите на Вест и им нудиме бесплатен третман за отстранување – рече Гарбет и даде пример за клиент кој дошол кај нив затоа што станал предмет на потсмев на социјалните мрежи поради тетоважата со сликата на Канје.

Отстранувањето на тетоважите со неговиот лик е дел од програмата на студиото наречена „втора шанса“.

– Разбираме дека тетоважите можат да бидат трауматични и знаеме дека некои луѓе не можат да си дозволат ваков третман, затоа нудиме бесплатно отстранување – објасни Гарбет.

Инаку, третманот чини околу 2300 евра, но зависи од големината на тетоважата и од бројот на третмани потребни за нејзино отстранување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma