Студија: Излекувани двајца пациенти со леукемија со нова терапија

popara3 февруари, 20221min00
Screenshot_1

ЛОНДОН – Студија објавена во списанието Nature вели дека две лица заболени од леукемија, кои биле лекувани со револуционерната терапија со CAR-T-клетки, живеат без рак и по 12 години.

 

 

Терапијата со CAR-T клетки функционира благодарение на генетскиот инженеринг на Т-клетките на поединецот кои ги препознаваат и уништуваат клетките на ракот.

 

Т-клетките се вид на бели крвни зрнца кои можат да препознаат и уништуваат туѓи клетки, вклучувајќи ги и клетките на ракот, а CAR T-клетките се дизајнирани да бидат подобри во откривањето на канцерогените клетки.

 

Еден од излекуваните пациенти е Даг Олсон, кој примил експериментална терапија по која немал клетки од рак во телото.

 

Кога неговите лекари, вклучувајќи ги Карл Џун и Дејвид Портер од Универзитетот во Пенсилванија во Филаделфија, напишале протокол за клиничко испитување во кое учествувал Олсон, тие се надевале дека генетски модифицираните клетки ќе можат да преживеат еден месец во неговото тело.

 

Сепак, повеќе од 10 години подоцна, имуните клетки продолжуваат да „патролираат“ во крвта на Олсон и тој е во ремисија, односно нема клетки од рак во телото, се наведува во текстот.

 

Во Велика Британија, терапијата е одобрена за деца и млади возрасни со Б-клеточна акутна лимфобластична леукемија и за возрасни со одредени типови на лимфом, од кои сите се карциноми на крвта.

 

Овој метод е многу интензивен и скап, иако се сугерира дека наскоро ќе се намалат трошоците.

 

Терапијата CAR-T не делува кај сите пациенти или кај сите видови на рак, па цврстите тумори се потешки за лекување бидејќи се опкружени со протеини и клетки кои ги штитат од имунолошкиот систем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma