Студот ги има и своите позитивни страни: Девет причини заради кои зимата е добра за здравјето

popara16 декември, 20221min00
zima-priroda

Зимата секако е сезона на настинки и грип, кои понекогаш знаат да бидат доста непријатни, но исто така е точно дека студот всушност може да направи многу добри работи за здравјето на луѓето.

Ја подобрува работата на срцето

Студот го зајакнува срцето, па затоа дефинитивно се препорачува да тренирате на отворено во зима, доколку температурата не е премногу ниска и нема снег. Поради пониската температура, срцето пумпа повеќе крв за да го загрее телото.

Освен тоа, тренингот ќе биде поголем предизвик, па многу е можно резултатите да бидат подобри.

Го зајакнува мозокот

Истражувањата покажаа дека мозокот функционира подобро и дека луѓето подобро работат кога температурата во канцеларијата е пониска. Друга студија покажа дека когнитивните проблеми се јавуваат почесто во лето отколку во зима.

Освен тоа, свежиот воздух им помага на луѓето да го расчистат умот и да се ослободат од непотребните мисли кои можат да им пречат во работата.

Помага при слабеење

Кога температурата е ниска, на телото му треба повеќе енергија за да се загрее, поради што метаболизмот се забрзува и се согоруваат повеќе калории.

Помага при алергии

Студот и снегот го оневозможуваат поленот да лета низ воздухот, па проблемите со алергиите ќе бидат поретки и поблаги.

Помага во борбата против инфекциите

Имунитетот работи подобро кога времето е студено, па поефикасно се бори со бактериските и вирусните инфекции. Ладното време го активира имунолошкиот систем и поефикасно се бори против инфекциите.

Може да го намали воспалението

Веројатно знаете дека кога има оток се препорачуваат облоги натопени во ладна вода и облоги со мраз. Ладниот воздух делува како природен мраз и исто така ги намалува проблемите со воспалението.

Како резултат на тоа, ќе забележите дека, на пример, вашите зглобови се помалку отечени во текот на зимата.

Ја намалува можноста за инфекции

Иако зимата го фаворизира развојот на повеќето вируси, ниските температури штитат и од болести кои најмногу се шират во текот на летото, тропски болести и болести кои ги пренесуваат комарците.

Го подобрува квалитетот на сонот

Кога се обидувате да спиете, температурата на вашето тело паѓа. Во лето овој процес може да трае и до два часа, додека во зима значително помалку.

Како што веќе знаете, зимата се карактеризира со потемни утра – феномен кој значително влијае на квалитетот на сонот и будењето.

Ги намалува проблемите со кожата

Бидејќи студот ги стеснува крвните садови, умерено ниските температури можат позитивно да влијаат и на вашата кожа. Стеснетите крвни садови, исто така, го забавуваат протокот на крв, поради што отокот нема да се појави на лицето, што се јавува, на пример, кога ќе се разбудите.

Исто така, кожата во зима произведува помалку себум (масти), па проблемите со акните ќе бидат ретки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag