СУПА ОД ГРАВ: Ќе ве згрее во студените зимски денови, а преполна е со витамини и минерали

popara19 декември, 20221min00
Supa-od-crnog-pasulja-698113438

Супите и чорбите се исклучително здрави, а најмногу ги сакаме во студените зимски денови. Тие не само што се топли, тие се полни со витамини и минерали кои го зајакнуваат нашето тело и не штитат од вируси и грип. Токму ваков е рецептот за супа од грав со разновиден зеленчук и зачини кои имаат многу придобивки за организмот. Лесно се прави, а ни состојките не се скапи.

Состојки:

1 конзерва црн грав
2 чаши супа од зеленчук
1 чаша сос од домати
1/2 кромид
1/2 пиперка
1 мал морков
1/2 стапче целер
1/4 лажичка куркума
1/4 лажичка чили
1/4 лажичка мелен ким
1/2 лажичка бибер
2 лажички лук во прав
1 лажица маслиново масло
копар
малку тврдо сирење

Подготовка:

Во тенџере загрејте масло, а потоа додадете исечкан кромид и зачини. Пржете околу 2 минути. Додадете го сечканиот целер, бибер и морков и убаво измешајте. Истурете сос од домати, супа од зеленчук (растворете 2 коцки за супа од зеленчук во литар вода) и исцеден конзервиран грав. Повторно добро измешајте. Оставете да зоврие, па варете на ниска температура, половина покриено, околу 30 минути. Мешајте повремено. Кога морковите ќе омекнат, супата е готова. Украсете со сечкан копар и рендано сирење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag