Направете вкусни коцки од чоколадо од само две состојки
Нема да најдете поубав и поедноставен рецепт за сочен чоколаден колач што ќе го обожава целото семејство.
СОСТОЈКИ:
- 300 гр темно чоколадо
- 400 мл кондензирано млеко
Подготовка:
Садот во кој ќе ја обликувате тортата, без разлика дали е плех или огноотпорен сад, обложете го со хартија за печење. Кондензираното млеко загрејте го на тивок оган, па додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека чоколадото да се растопи и сѐ убаво да се соедини. Кога смесата ќе се изедначи, истурете ја во тавчето обложено со хартија за печење и протресете да се распореди рамномерно. Кога ќе се излади на собна температура, ставете го во фрижидер преку ноќ за да се стегне колачот. Следниот ден исечете го на коцки, а по желба можете пред послужување да го посипете со мелени бисквити, кокос или чоколадни трошки.