Пред три години, поточно во 2019 година, филмот „Yesterday“ се прикажуваше во кината ширум светот, а сцената која воодушеви многумина беше онаа со постариот Џон Ленон. Дури и многумина ги расплака.
Во филмот, Џек, кој го игра Химеш Пател, го запознава Џон Ленон, кој го игра Роберт Карлајл, во едно зафрлено село откако ќе замине на пат.
Свое мислење за таа сцена даде и Џулијан Ленон, синот на музичката легенда.
„Всушност го сакав тој филм „Yesterday“ се додека не го оставија тој чуден впечаток за тоа како би изгледал тато во седумдесеттите и осумдесеттите години, на некој шкотски или ирски остров“, рече Џулијан Ленон во емисијата „Hiking with Kevin“ и продолжи:
„Тоа некако ми го исфрли целиот филм… Не ми требаше, мислам дека не им требаше. И едноставно беше чудно“, рече Ленон, пренесува NME.
Погледнете ја таа сцена: