Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо објави многу тажна вест на Инстаграм. Имено, неговата сопруга Џорџина и тој го загубиле синот за време на пораѓањето на Џорџина.
Џорџина и Роналдо во октомври минатата година објавија дека очекуваат близнаци. Но, при породувањето дошло до компликации и нивниот син не успеал да преживее. Од друга страна, како што се наведува, девојчето е добро.
– Со најдлабока тага мораме да објавиме дека нашето момче почина. Ова е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да живееме во момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за вниманието и грижата, како и за поддршката. Сите сме погодени од оваа загуба и бараме приватност во овој многу тежок момент. Нашето момче останува наш ангел. Секогаш ќе те сакаме – напиша Роналдо.