Шок!
Нишел Николс почина на 89-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја сподели нејзиниот син Кајл Џонсон.
Позната по улогата на поручничката Ухура од „Ѕвездени патеки“, Николс долго време беше препознатлива како кршач на бариерите и стереотипите за црните жени на телевизија. Нишел беше првата црнка што бакна бел актер на телевизија.
Во еден момент доби пофалби од д-р Мартин Лутер Кинг. Таа е исто така една од најомилените членови на заедницата „Star Trek“ и е многу популарна меѓу фановите веќе неколку децении.
На 31-ви јули, нејзиниот син Кајл Џонсон објави на својата официјална страница на Инстаграм дека Нишел починала на 89-годишна возраст. Објавата содржи слика од ѕвездата на актерката во Холивуд од Булеварот на славните, украсена со цвеќиња.
„Пријатели, обожаватели, колеги, со жалење ве известувам дека за нас веќе не свети голема светлина на небескиот свод како што светеше толку многу години. Синоќа, мајка ми, Нишел Николс, почина од природна смрт, нејзината светлина, како и древните галаксии кои сега се гледаат за прв пат, ќе останат за нас и за идните генерации да уживаме, учиме и црпиме инспирација. Нејзиниот живот беше добро проживеан и како таков модел за сите нас. Јас и остатокот од нашето семејство, ќе го цениме вашето трпение додека жалиме за загубата и додека не се опоравиме доволно за да зборуваме понатаму. Живејте долго и напредувајте, Кајл Џонсон“, се вели во објавата.