Секој од нас се стреми да биде сакан, но не мора да го правите тоа по секоја цена.
Сè ќе си дојде на свое место кога треба и ќе знаете дека е „тоа вистинското“ според две важни работи.
Сè мора да биде едноставно од самиот почеток
Од моментот кога ќе се сретнете, сè мора да биде едноставно и лесно. Ако чувствувате дека можете да ѝ кажете нешто на таа личност, тогаш тоа е тоа. Ако лесно се согласувате за повеќето работи – не ја испуштајте таа личност.
Едноставно значи добро. Комплицирано значи лошо.
Голема грешка е ако до себе имате личност која бара од вас да се менувате, да се прилагодувате, да правите работи што не ви се допаѓаат. Порано или подоцна ќе ви здосади да се менува или тој да ве менува. Тоа е заморно и не држи вода. Ако треба постојано да му се докажувате на маж, тој не е за вас, продолжете да барате.
Врската мора да донесе радост
Ако не се чувствувате задоволни, среќни и исполнети во вашата врска, бегајте веднаш! Ако страдате и плачете поради него, тој не е мажот за вас.
Ако само една личност во врска носи смеа и забава, таа врска е исто така бесмислена. Многу луѓе молчат со години и страдаат во врска која не ги исполнува. Тие чекаат нешто да се промени. Но, таа промена никогаш нема да дојде.
Ако неговите зборови ве растажуваат или нервираат, веднаш заминете.
Врската со партнерот мора да биде нешто што ќе ве направи среќни, нешто кон што ќе се свртите кога ви е тешко на работа или кога имате проблем. Вашата друга половина мора да биде некој кој знае како да ве насмее и слуша.