Таткото на серискиот убиец Џефри Дамер размислува да го тужи Нетфликс поради две нивни серии базирани на неговиот син.
Наводно, Лајонел Дамер (86) е вознемирен што никој никогаш не го контактирал за популарната серија на Нетфликс „Dahmer – Monster: The Jeffrey Dahmer Story“, која се емитуваше во септември, изјави неговиот чувар за US Sun.
Таткото на „Милвоки канибалот“ исто така беше лут што Нетфликс никогаш не побарал дозвола од адвокатскиот тим на неговиот син да ги користи снимките користени во друга документарна серија за Џефри Дамер, „Conversations with a Killer: The Jeffrey Dahmer Tapes“, чија премиера беше емитувана порано овој месец.
Jeffrey Dahmer's dad considers suing Netflix for glamorizing son's murders https://t.co/KBc6LXDhFu pic.twitter.com/MpYeQoyOix
— New York Post (@nypost) October 21, 2022