ТЕЛОТО ИСПРАЌА СИГНАЛИ Што кажува вашиот јазик за здравјето?

popara19 октомври, 20221min00
Screenshot_4

Од витамински недостатоци, па сè до посериозни здравствени нарушувања – вистината е најчесто „запишана“ на вашиот јазик. Тој навистина може да биде сигнал доколку нешто се случува со вашето здравје. Време е да направите едноставен преглед и доколку забележите некои промени, можеби треба да се обратите кај вашиот стоматолог.

 

 

 

Доколку е вашиот јазик бел или има белузлави точки, може да биде показател за:

 

Орална кандидијаза: габична инфекција која може да се развие во устата. Се јавува како бели наслаги најчесто на јазикиот. Може да се појави кај бебиња (Соор), кај повозрасни луѓе, особено оние што носат протетски помагала, луѓе со намален имун систем, со дијабетес и оние што примаат инхалирачки лекови против астма. Оралната кандидијаза може да се појави и по земање на антибиотици.

Леукоплакија: Состојба при која се јавува прекумерен раст на клетките во устата. Најчесто се јавува на страничните делови на јазикот како бели траки, најчесто кај пушачи. Леукоплакијата не е опасна сама по себе, но може да биде прекурсор на канцер.

Орален лихен: Мрежа од бели нишки, која личи на чипка, најчесто се повлекува само од себе.

Доколку е вашиот јазик црвен:

Недостаток на витамини: Недостаток на фолна киселина и на витаминот B12, често може да пројави црвенило на јазикот како симптом.

Географски јазик: Убаво забележете кај вашиот јазик дали одвреме навреме се појавуваат црвени островца со бел неправилен раб и со секое појавување се поставени на друга позиција на јазикот. Ова не е ретко заболување или поточно симптом на некоја состојба во организмот, како недостаток на витамини, алергија, стрес. Се јавува уште во детска возраст и освен повремено жарење нема други симптоми. Како и кај повеќето заболувања на јазикот, не се лечи самиот симптом туку главното заболување.

Црн и влакнест јазик: Ваков вид промени на јазикот не се тешки за воочување. Всушност папилите на јазикот растат низ текот на годините. Кај некои луѓе достигнуваат прекумерна должина и поради тоа задржуваат бактерии, чии продукти го потемнуваат јазикот. За среќа, оваа појава не е толку честа и се јавува најчесто кај луѓе со ниска орална хигиена, но и кај дијабетичари, при често земање антибиотици и по хемотерапија.

 

Болен јазик со изразени неправилности може да се должи на:

 

– Траума: Ненадејно грицкање на јазикот или изгореница

– Пушење: пушењето го иритира јазикот и може да предизвика болка

– Орален канцер: Испакнување на јазикот кое не се повлекува повеќе од две седмици може да означува орален канцер. Имајте предвид дека во првите стадиуми оралниот канцер не се придружени со болка, па нејзиното отсуство не значи дека е сè во ред.

Погледнете го вашиот јазик. Секоја дисколорација, израсток, непријатна сензација или болка на јазикот треба да биде мониторирана и прегледана од страна на медицинско лице.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma