Славната манекенка му се одмаздува на сопругот, кој е сериски прељубник!
Една од најатрактивните манекенки на денешницата, Емили Ратајковски го запали Инстаграм со кратко, жешко видео во кое го покажа својот сексапил.
Убавата бринета е позната и по тоа што сака да ги споделува своите разголени фотографии, уживајќи во природните атрибути и одличната фигура, а нејзиниот Инстаграм е полн со провокативни слики во долна облека, костими за капење или такви на кои едноставно не носи ништо!
Овој пат, Емили позираше топлес, покажувајќи ги својата тенка половина, рамниот стомак и затегнатата фигура носејќи само црни танга-гаќички и длабоки чизми во крем боја.
Погледнете ТУКА
Атрактивната 31-годишна мајка на 18-месечниот Силвестер Аполо навистина изгледа исклучително секси и заводливо, а самодовербата очигледно не ѝ недостасува!
Погледнете ТУКА
Да потсетиме, таа неодамна му стави крај на четиригодишниот брак со бизнисменот Себастијан Бур-МекКлард, а се шпекулира дека тој ја изневерил со неименуван супермодел, како и дека е сериски прељубник. Двојката го има синчето Силвестер Аполо.