Не е потребно многу време и откажувања, а резултатите се сигурни …
Хидратација на лицето и телото
Водата ја чисти, зацврстува и тонизира нашата кожа, ја релаксира и ја подобрува динамиката на обновување на клетките. Губењето на вода во кожата може да биде предизвикано од многу фактори, но најчеста причина е УВ зрачењето.
Со внесување вода во организмот не ја задоволуваме потребата на кожата за хидратација, туку само го овозможуваме нормалното функционирање на организмот. Затоа, кожата треба дополнително да се хидрира со лосиони и млеко за тело. Хидрираната кожа е мека, нежна, мазна и затегната, не се лупи и нема тврдо згуснување.
За време на туширањето користете памучна крпа со која можете да ја триете кожата, на овој начин се постигнува ефект на благ пилинг, се отстрануваат слоевите на мртвата кожа, но и се стимулира циркулацијата. После ова добро хидратирајте ја кожата, најдобро е да користите лосион на база на алое вера.
Правилна исхрана
Подготовката на кожата за изложување на сонце започнува со правилна исхрана. Се препорачува да се консумира храна богата со природниот антиоксиданс бета-каротен, кој можете да го најдете во црвено и портокалово овошје и зеленчук како моркови, домати, вишни или диња.
За оптимална заштита, вклучете ја оваа храна во вашата исхрана неколку недели пред изложување на силна сончева светлина. Добро информирајте се и направете свој план за здрава исхрана.
Сончањето и капењето се пред нас. Нахранете ги и обновете ги кожата и телото за лето и уживајте во морските радости. Обезбедете ѝ се што и е потребно за да ужива во сонцето и на крајот од одморот да има прекрасен исончан тен, но и здрава сјајна кожа.