„Тенка е линијата помеѓу гламурот и кичот“: Овие совети од познатата КОКО ШАНЕЛ мора добро да се запаметат

popara25 август, 20221min00
1029_profimedia-0595714228_f

Малиот црн фустан е хит за секоја свечена пригода, а најдобрата боја на светот е онаа што ви стои…

Коко Шанел остави неизбришлива трага во светот на модата со создавањето на познатиот костим на Шанел и малиот црн фустан, кој сè уште е ценет од понежниот пол ширум светот. Сепак, денес таа најмногу се памети по парфемот Шанел бр.5, прв во историјата продаван ширум светот. Коко сметала дека жена без парфем е жена без иднина, а познатиот Шанел бр.5 се уште е меѓу најбараните парфеми во светот. И покрај тоа што поминаа многу години од нејзината смрт, модните правила на Коко Шанел важат и денес.

Основно модно парче

Малиот црн фустан е основно парче облека кое секоја жена треба да го има во својот гардеробер и може да се носи во сите свечени пригоди.

Која боја е најдобрата боја на светот?

Најдобрата боја на светот е онаа која добро ви стои. Не постои универзална боја која одговара на сите. Најдобро би било да процените врз основа на бојата на косата, тенот, енергијата. Само така никогаш нема да погрешите.

Монохроматските бои секогаш можат да бидат вистинскиот избор

Кога сакаат убаво да се облечат, жените најчесто мислат на бои, а забораваат на монохроматските. И црната и белата се убави, а заедно формираат совршена хармонија. Никогаш, ама баш никогаш нема да погрешите со монохроматските бои. Тоа е класика која е безвременска.

Не двоумете се да пробате облека

Фустанот може да изгледа добро на закачалката, но тоа не мора да значи ништо. Дури откако ќе го облечете ќе видите како ги истакнува половината, нозете и рацете.

Помалку е повеќе

Кога додавате модни додатоци, секогаш извадете го последниот – на тој начин нема да претерате. Тенка е линијата помеѓу гламурот и кичот. Доколку не сте сигурни дали воопшто изгледате гламурозно, држете се до едноставно парче облека без накит. Така, ќе го добиете ефектот на минимализмот, кој гласи „Помалку е повеќе“.

Немојте слепо да ги следите трендовите

Модата се менува. Понекогаш во мода е некој стил кој можеби васне ви одговара или не изгледате добро во тоа парче облека. Не мора по секоја цена да бидете во екот на модата, но би било пожелно да имате свој стил.

Ако сакате да бидете забележани, бидете шик

Облечете облека што е со послаб квалитет и луѓето ќе се сетат на фустанот што сте го носеле, облечете квалитетна облека и луѓето ќе ве паметат вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma