
Секс терапевтот Меган Флеминг открива како да имате одличен секс речиси секој пат.
- Предигра во текот на денот
„Можете да ја продолжите предиграта на цел ден. Не треба да се ограничи само на три минути пред сексот“, вели таа. Секси пораки, заедничко туширање и задевања во текот на денот може да доведат до одличен секс навечер.
- Испланирајте време за секс
За оние со деца или милион обврски во текот на денот, наоѓањето време за секс е исклучително важен елемент за добар сексуален живот. „Некои парови деновиве се толку зафатени што ако не одвојат време за секс, нема да го имаат“, рекла Меган.
- Излезете од рутината
Не треба ништо драстично да менувате во вашиот сексуален живот – само една мала промена може да направи чуда. На пример, ако обично имате секс навечер, обидете се да го правите тоа наутро; ако вообичаено сте во спалната соба, пробајте ја бањата.
- Одржувајте го вашиот сексуален нагон
Иако можеби сте уморни кога ќе се вратите дома од работа, не дозволувајте уморот да ве чини секс. Водењето љубов е одличен начин да се ослободите од негативната енергија.
- Разговарајте со партнерот за вашиот идеален секс
Комуникацијата е најважниот аспект на врската во секоја област, вклучувајќи го и сексот. Разговарајте со партнерот за идеалното сценарио и не двоумете се да навлегувате во ситните детали. Откако ќе сфатите што е идеално за двајцата, дури и мала промена може да направи чуда за вашиот сексуален живот.
- Грижете се за себе
Грижата за вашето тело и ум ќе ве направи уште попривлечни за вашата поубава половина. И ќе се чувствувате многу подобро.
- Не сфаќајте го лошото расположение на партнерот премногу лично
Сите имаме добри и лоши денови, а кога партнерот е нерасположен често мислиме дека тоа е наша вина. Кога тоа ќе се случи, најдобро е да се грижите за сопственото расположение и да му дадете простор на партнерот, предложи Меган. „Само опуштено“, рече таа.