Тест на потсвеста: Бројот на коњи што ги гледате открива многу за вашата личност

popara21 мај, 20221min00
octavio-ocampo-830x0

Ѕирнете во вашата потсвест

Оптичките илузии се дизајнирани да ги предизвикаат нашите мозоци и очи. Не само што очите се „огледало на душата“, туку и начинот на кој секој поединец го гледа светот околу себе. Начинот на кој ги гледаме работите открива многу за нас и нашата личност.

Пред вас е оптичка илузија која е и тест на потсвеста, а се што треба да направите е да ги изброите коњите.

Колку коњи гледате може да го дефинира вашиот тип на личност и поглед на животот.

  1. Ако гледате само еден коњ…

Секогаш гледате на пошироката слика и полесно ја перцепирате целата приказна отколку некои детали. Всушност, ги гледате проблемите или решенијата во целост, без да губите време да ги анализирате деталите. Донесувате одлуки брзо, лесно и едноставно.

Би биле одлични во креирањето стратегии и донесување одлуки, бидејќи сте способни да ги гледате работите „однадвор“, а веќе во вашата глава можете да видите што се случува пет или шест чекори понапред.

  1. Ако гледате меѓу пет и 10 коњи…

Кај вас се гледа перфекционизам. Не ги земате работите здраво за готово и посветени сте на оние вистински работи кои имаат големо влијание врз вашиот живот.

Донесувате одлуки врз основа на информациите што ги имате, интуитивно, но разумно. И покрај вашиот здрав разум, вашиот начин на работа понекогаш може да биде многу опасен за вас и за околината. Сепак, тоа не ве успорува, туку директно ве насочува кон вашите цели. Вашиот најголем проблем е што немате добар работен план.

Секогаш сте во движење и нема фаза на одмор за вас.

  1. Ако видите 11 или повеќе коњи

Имате многу остро око и забележувате работи кои другите тешко ги гледаат. По природа сте многу одговорни и тоа е една од причините зошто никогаш не ги пропуштате ни најмалите детали.

Исто така, ова е една од причините зошто луѓето сакаат да работат со вас. Свесни се дека никогаш нема да зезнете.

За жал, перфекционизмот доаѓа со свои маани. Често се наоѓате во ситуации кога не сте сигурни дали треба да продолжите да работите на нешто или да преминете на нова задача.

Убедени сте дека се може да биде подобро и токму таму настанува проблемот бидејќи немате граница и не знаете кога е време да престанете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma