Тест на потсвеста: Првото нешто што ќе го забележите на илустрацијата го открива вашиот најголем страв во љубовта

popara12 октомври, 20221min00
opticka-iluzija-lobanja-830x0

Ако сте се прашувале зошто не можете да се опуштите во љубовните врски, одговорот можеби се крие во вашата потсвест.

Повеќето луѓе ги третираат оптичките илузии како забава и одвлекување на вниманието. Но, тие можат да бидат корисни на друг начин и да не натераат да размислуваме за она што се крие во нашата потсвест.

Илустрацијата пред вас претставува токму таков предизвик – открива кои се вашите најголеми стравови во љубовните врски.

Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да запомните кој симбол прво го видовте. Зад тој симбол се крие можен одговор на вашите најдлабоки емоционални стравови.

Ако прво ги забележавте колибри птиците…

Веројатно и самите сте забележале дека сте скептични кон вашата сакана линост во емотивната врска. Постојано ја преиспитувате вистината на она што го слушате или гледате, секогаш се сомневате во верноста на „другата страна“… Долгорочно ваквото однесување може да биде фатално за врската.

Ослободете се од претераната недоверба и работете на самодовербата.

Ако прво ја забележавте пеперутката…

Вие сте голем романтичар по природа и би сакале да имате една љубов за цел живот. Но, времињата во кои живееме нè убедуваат во спротивното – ретки се љубовните парови кои се верни еден на друг од детството до староста.

Ако се плашите дека вашата емотивна врска нема да потрае, потрудете се да се ослободите од тој страв и да научите да уживате во моментот. Исто така, не дозволувајте лошите искуства што ги имате од претходните врски да влијаат да се повлечете во себе и да се откажете од љубовта само за да се спасите од потенцијални разочарувања.

Ако прво ја видовте виновата лоза…

Некогаш сте верувале дека секој во светот мора да ја запознае својата „сродна душа“ и дека „судбината ќе се погрижи“ тоа да се случи „во вистинско време“. А од тогаш поминале години и сте останале сами, чекајќи го „принцот на бел коњ“ или „принцезата на зрно грашок“ кои никако да се појават…

Не постои идеален маж, како што не постои идеална жена, но ако не дозволиме некој да ни пријде, нема ни да знаеме дали таа личност можеби е идеална за нас.

Ако прво го здогледавте черепот…

Можно е вашите емотивни врски да биле краткотрајни, бидејќи потсвесно се плашите дека ако се заљубите и се предадете на друга личност, ќе се изгубите себеси.

Запрашајте се дали зад тој страв се крие лошо искуство – ваше или туѓо, и зошто сте дозволиле тој да завладее со вашата сегашност и иднина. Љубовта е нешто што треба да не ослободи, а не да не обврзува. Кога ќе почнете да гледате на љубовната врска на овој начин, брзо ќе се ослободите од потиснатиот страв.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma