Раперот и најпознатата жена на светот го финализираа разводот пред неполн месец, а сега открива каква е динамиката во нејзиниот дом со четири деца – Норт, Сент, Чикаго и Псалм
Ким Кардашијан реши да си ја отвори душата и да раскаже колку и е тешко да се грижи за нивните четири деца со поранешниот сопруг Канје Вест.
– Дефинитивно многу го заштитив во очите на нашите деца и секогаш ќе го правам тоа, само заради нив. Во мојата куќа моите деца не знаат што се случува зад нашите ѕидови – рече Ким, а потоа се расплака:
– Многу е тешко, многу е лошо кога заедно со таков човек одгледуваш деца.
Ким се осврна и на тоа каков бил нејзиниот татко Роберт Кардашијан.
– Го имав најдобриот татко на светот. Имам најубави спомени со него и сакам тоа да го имаат моите деца, што подолго – вели Ким и продолжува:
– Ако не знаат што е кажано или што се случува, зошто би ја внела таа лоша енергија во нашиот дом? Тоа се тешки работи, со кои треба да се занимаваат возрасните. Тие се уште не се подготвени да се борат со тоа, а кога ќе бидат, ќе имаме сериозен разговор.
Да се потсетиме дека Ким и Канје го финализираа разводот на крајот на ноември. Тие го делат старателството над нивните четири деца, при што Ким поминува 80 отсто од своето време со нив, а Канје плаќа 200.000 долари месечно за издршка.
Ким и Канје се разделија по седум години брак, а во февруари 2021 година Кардашијан поднесе барање за развод.