Фотографијата која за кратко време стана вирална, кружи на социјалните мрежи, а актери се Шарлот, Џорџ и Луис, децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Имено, тие ги поздравија насобраните граѓани од Бакингемската палата, а нивната реакција на сето тоа стана популарна и ги доведе во првите редови на овој значаен јубилеј на кралицата.
Некои коментираа дека децата ги гледале луѓето од височина, но сепак, поверојатно е дека се премногу мали за да разберат што се случува околу нив и како правилата налагаат да се однесуваат во јавноста како членови на кралското семејство.
Оваа фотографија предизвика лавина коментари, а многумина не сфатија дека се работи за авторска шега, додека некои беа убедени дека децата ги набљудуваат обичните луѓе од висина и „со гадење“.
Dynasts when they catch a glimpse of the #people pic.twitter.com/6RjYQhGQRy
— Edmund Griffiths (@EdmundGriffiths) June 2, 2022
Да потсетиме, принцот Луис првично го презеде шоуто во свои раце со своите гримаси и стана главна тема, а многумина со ентузијазам и насмевка го дочекаа како обична детска реакција на сите сериозни работи.
На четиригодишниот принц веројатно му било досадно, па правел шеги, зеваше и постојано заговараше со кралицата, а во еден момент мораше да интервенира и мајката Кејт, на кого неговото однесување очигледно не ѝ се допадна. Меѓутоа, на социјалните мрежи сега се појавија видеа на кои се гледа како неговиот татко, принцот Вилијам, се однесувал на негова возраст.