Малобројни се актерите кои толку брзо станаа најбараните лица во Холивуд, како што е случајот со дваесет и шестгодишниот Тимоти Шаламе. Насловната страница на новиот број на британски „Вог“ докажува колку е популарен и пожелен.
Имено, Тимоти е првиот маж кој се појави на насловната страница на ова популарно списание и на овој начин ги помести границите на концептот за машка и женска убавина.
– За прв пат во 106-те години постоење на британски Вог, на насловната страница се најде маж – пишува на страницата на магазинот на Твитер.
For the first time in British Vogue’s 106-year history, a man is flying solo on the cover. At 26, @RealChalamet is already a consummate, cool-as-they-come movie star, and in the October 2022 issue, @GilesHattersley goes in search of the real boy wonder. https://t.co/rvnqmsZIAb pic.twitter.com/4MgySi3cnV
— British Vogue (@BritishVogue) September 15, 2022
За неговиот изглед е одговорен уредникот Едвард Енинфул, кој изјавил дека го чека „вистинскиот момент“ да избере маж за насловната страница на „Вог“. Тој го опиша Тимоти како актер кој потсетува на Џејмс Дин и Леонардо ди Каприо, но кој „ја уништува старомодна дефиниција за мажественост“.
Актерот изјавил дека за него е извонредна чест да биде ѕвезда на насловната страница на „Вог“, на која претходно се појавија Ријана, Били Ајлиш и Лејди Гага.
Тимоти дипломирал на познатата актерска школа „Ла Гвардија“ и накратко се запишал на студии на Универзитетот Колумбија, но се откажал од понатамошното академско образование за да прифати голем број улоги во филмови.
Тој го имаше своето деби во филмот „Мажи, жени и деца“ на Џејсон Рајтман во 2014 година, а потоа глумеше во популарниот филм „Interstellar“ на неговиот омилен режисер Кристофер Нолан.