„Тоа беше најлошата идеја на светот“: Џеј Ло бесна што ја делеше сцената со Шакира на Супербоул

popara10 јуни, 20221min00
tan2020-2-3238242560-830x0

Таа има своја причина

Џенифер Лопез е бесна што морала да има заеднички настап со Шакира на Супербоулот во 2020 година – толку многу што танцот што го гледавме го нарече „најлошата идеја на светот“ во нејзиниот нов документарен филм „Полувреме“.

Да се потсетиме, документарецот вчера ја имаше својата премиера на фестивалот Трибека во Њујорк.

Кога беше објавено дека Џеј Ло и колумбиската музичка ѕвезда ќе имаат заеднички настап на стадионот Хард Рок во Мајами, многу фанови не знаеја дека Џенифер не е поддржувач на оваа идеја.

На полувремето на Супербоулот, Лопез имала конфликт со раководителите на НФЛ околу тоа зошто сакаат две жени да вршат работа која обично оди само на еден уметник.

sakira-i-dzenifer-lopez-6-830x0
sakira-i-dzenifer-lopez-16-830x0
sakira-i-dzenifer-lopez-17-830x0
sakira-i-dzenifer-lopez-23-830x0
sakira-i-dzenifer-lopez-26-830x0
sakira-i-dzenifer-lopez-29-830x0

– Имаме шест минути. Имаме 30 секунди од песна, а ако одвоиме минута, толку, ни остануваат уште пет. Но, мора да има одредени песни што ќе ги пееме. Мора да ги имаме нашите пејачки моменти. Тоа нема да биде ебано танцово шоу. Мора да ја испееме нашата порака. Ова е најлошата идеја на светот двајца артисти да настапат на Супер Боул. Тоа беше најлошата идеја на светот – му кажала Лопез во еден момент на својот музички директор, пишува „Дејли мејл“

Џеј Ло и Шакира на крајот открија дека е можно да соработуваат, но нивниот однос бил ладен, но професионален. Музичките ѕвезди се видени како зборуваат за нивниот настап.

– Мислам, Шакира, она што треба да го имаме е ти ​​да имаш половина од времето, а јас да имам половина – и рекла Џеј Ло на Шакира.

На крајот изведбата беше одлична.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma