Тоа беше ОТРЕЗНУВАЧКИ ШАМАР: Првата средба на Меган Маркл со Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не поминала како што очекувала

popara9 декември, 20221min00
350581_princvilijamharikejtmidltonmeganmarkl2_ff

Денеска конечно излезе документарната серија „Меган и Хари“, во која војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари (38) и Меган Маркл (41) зборуваат за теми кои ја заинтригираа јавноста во последните години.

Тие се осврнаа на расизмот во британското кралско семејство, негативниот став на британскиот печат кон Меган, нејзината борба со менталното здравје, оставката на постарите членови на семејството и многу повеќе.

Судејќи според она што го пренесуваат британските медиуми, принцот Хари и неговата сопруга најмногу ги повторувале во серијата на Нетфликс работите за кои зборуваат веќе две години, но Меган Маркл откри и нешто што до сега не сме го знаеле – каква била нејзината прва средба со нејзиниот брат и снаата на нејзината сакана, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Britanska kraljevska porodica, Princ Hari, Princ Vilijam, Kejt Midlton, Megan Markl

Војвотката од Сасекс призна дека не очекувала се во семејството на Хари да биде толку формално, дури и зад затворени врати. Затоа таа ги пречекала Вилијам и Кејт многу лежерно и веднаш била интимна, а иако не откри како реагирале, тие очигледно не биле воодушевени.

– Дури и кога Вил и Кејт дојдоа да се запознаат, кога се сретнавме за прв пат, се сеќавам дека носев искинати фармерки, бев боса, сакам да се гушкам, отсекогаш сум била гушкач… Не разбирав дека тоа е навистина непријатно за многу Британци – истакна Меган.

Megan Markl, Princ Hari

Дури тогаш видела дека врската со британскиот принц подразбира живот со одредени манири и без многу лежерност. Кој би помислил?!

– Сфатив дека формалноста од надворешниот свет се пренесува внатре. Постои начин на живот кој се прикажува, но кога ќе ја затворите вратата мислите „Добро, сега можам да се опуштам“, но (со нив) формалноста оди на двете страни и мене тоа ми беше изненадувачки – признава Меган Маркл.

Инаку, според странските медиуми, Сасексови добиле 88 милиони фунти од Нетфликс за нивната документарна серија во која покажале и како нивниот син Арчи го прославил својот прв роденден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma