Топли, супер вкусни и готови за пет минути: Неодоливи крцкави ролни со сирење

popara13 август, 20221min00
Baka-3

Доколку сте љубители на пита, имаме предлог кој сигурно ќе ви се допадне.

Брзите и крцкави ролни со сирење ќе го воодушеват вашето семејство.

Пробајте го и уверете се сами!

Состојки:

500 гр готови кори
200 гр сирење
3 јајца
1/2 прашок за пециво
200 мл јогурт
масло

Подготовка:

Во сад ставете сирење, јајца, прашок за пециво, 3 лажици масло и јогурт. Сè израмнете со вилушка. Листот готова кора раширете го на масата, попрскајте го со малку масло, па додајте две полни лажици сирење и со лажица премачкајте го по целиот лист.

Завртете го во ролат и преклопете го за една третина и уште еднаш формирајте мали ролни. Се редат во намрсен плех.

Ако остане фил, истурете го во средината на секоја ролна.

Печете на 200 степени околу 45 минути додека добро да поруменат и да станат крцкави.

Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка: