Тортата со пишкоти е идеален избор доколку немате многу време да подготвите десерт, а на сите им успева од прва
Состојки:
400 гр пишкоти
200 мл млеко
300 гр стапчиња полнети со крем
За фил:
400 гр маскарпоне
100 гр шеќер
1 лажичка арома од ванила
600 мл слатка павлака
150 гр нутела
20 g какао прав
Подготовка:
Во квадратен калап наредете ги пишкотите кои претходно сте ги потопиле во млеко. Со миксер изматете ги маскарпонето, шеќерот и ванилата, потоа ставете ја слатката павлака и сè убаво изматете.
Поделете го филот на 2 дела и измешајте ја нутелата во еден. Над пичкотите премачкајте го филот со нутела и израмнете.
Одозгора наредете ги стапчињата со крем (малку премачкајте ги со четка натопена во млеко) и ставете го белиот фил. Израмнете и ставете уште еден ред пичкоти потопени во млеко. Во фрижидер треба да стои 2 часа, а потоа посипете со какао.
Пријатно!