ТОРТА СО ФАНТАСТИЧЕН ВКУС! Лимон коцки – десерт што не враќа во детството (РЕЦЕПТ)

popara29 ноември, 20221min00
Screenshot_3

Ако сакате нешто слатко, тогаш можете да направите вкусни коцки од лимон

 

 

Состојки:

  • 200 гр омекнат путер
  • 550 гр шеќер
  • лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 300 гр брашно
  • шест јајца
  • три големи лимони
  • 180 мл сок од лимон

 

Подготовка:

 

Изматете го омекнатиот путер со 100 гр шеќер, екстракт од ванила и прстофат сол. Додадете 250 гр брашно и замесете тесто. Истиснете го во длабок сад премачкан со малку путер и печете го околу 15 до 20 минути додека не добие златна боја околу рабовите.

 

За тоа време подгответе го филот. Јајцата се матат со 400 гр шеќер, ренданата кора од три лимони и сокот од лимон. Матете додека смесата не се изедначи, а потоа додадете ги преостанатите 50 гр брашно.

 

Со филот прелијте ја кората од рерната и вратете ја во рерна. Печете уште половина час. Оставете да се излади на собна температура, па ставете во фрижидер два часа.