Овој дизајн најмногу се поврзува со убаво време, но изгледа елегантно и во зимската гардероба.
1. Едноставна широка бунда со точки
Одлично оди со фармерки, а освен тоа е топло и удобно модно парче за студените зимски денови. Во комбинација со салонки, му дава допир на елеганција на вашиот изглед.
2. Атрактивен џемпер
Плетените, топли работи се незаменлив дел од зимската облека. Покрај еднобојните, светски познатите брендови за оваа сезона ги нудат и оние во малку позабавни варијанти.
Лесен, лесен фустан со точки е одлично парче, бидејќи може да се носи преку целата година. Во комбинација со кожна јакна и чизми, тој е вистинскиот избор за секоја дама за опуштен стајлинг.
3. Марама како моден детал
Сé што ви треба е марама на точки за да ја разбиете монотонијата и вашата дневна, комбинација на облека да изгледа попривлечно.
4. Елеганција на точки
Црно-бел фустан со точки со модерни чизми ќе ги натера минувачитеда погледнат. Во комбинација со кариран капут ќе направи да изгледате како штотуку да сте излегле од модната писта.