Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, како што објавија медиумите, е позитивен на корона вирусот.
Беше објавено дека Бајден има благи симптоми.
– Утрово, претседателот Бајден беше позитивен на тестот за Ковид-19. Ги примил двете дози од вакцината, и две дози бустер и има многу благи симптоми – соопшти Белата куќа.
Како што наведоа, претседателот почнал да го зема Паксловид и ќе остане изолиран во Белата куќа.
– За тоа време ќе ги извршува своите должности – изјави портпаролот на Белата куќа.
Се наведува и дека јавноста секојдневно ќе биде информирана за неговата состојба.
Да потсетиме, оваа вест е доста загрижувачка бидејќи американскиот претседател има и други сериозни здравствени проблеми, а познато е дека Бајден во 1988 година доживеал две мозочни аневризми, а покрај тоа имал и операција поради проблеми со крвните садови. Сепак, во неговиот лекарски извештај од 2019 година стои дека нема долгорочни последици поради овие проблеми.