Тој има 255 милијарди и нема среќа во љубовта: Илон Маск повикал пејачка на состанок, таа го одбила пред сите?

popara7 мај, 20221min00
335581_elonmaskh-56534773_ff

Најбогатиот човек на планетата Илон Маск (50) има успешна претприемничка кариера и многу љубовни афери, а се чини дека розите се уште не му цветаат.

Милијардерот е татко на седум деца, а доби и едно кое почина, од низа врски и три брака. Откако се раздели со пејачката Грајмс, неодамна беше во врска со актерката Наташа Басет, но на овогодинешната Мет Гала се појави без неа, во друштво на неговата мајка Меј.

Според странските медиуми, на социјалните мрежи кружи гласина дека Илон Маск „фрлил око“ на уште една позната дама, а тоа е музичарката Скај Фереира. Гласината потекнува од лажен профил на „Њујорк Пост“ и молскавично се рашири на интернет, а според него, Илон преку својот тим на Мет Гала ја замолил Фереира да излезат на романтичен состанок, што таа го одбила.

Веднаш потоа се појави мајката на Маск, Меј, која на Твитер под една објава на оваа тема напиша:

– Немаше тим. Бев со Илон. Значи не.

Во споменатата лажна објава се додава дека тимот на милијардерот побарал и Маск да седне на иста маса со Скај Фереира, со фотографија на која ги гледаме еден до друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma