И додека актерката тврди дека дошло до физичка пресметка меѓу неа и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, тој жестоко демантира се
Анџелина Џоли, под псевдонимот Џејн До, поднела тужба против американската разузнавачка агенција, тврдејќи дека обвинителството и одбило пристап на обвинителката до записите поврзани со тврдењата на истрагата дека Бред Пит вербално ги нападнал неа и нивните деца додека биле на лет соприватен авион во 2016 година кога, како што наведува Џоли, имало и физичка пресметка.
Сега во јавноста излегоа фотографиите од модринките на актерката, кои наводно ги добила при физичка пресметка со поранешниот сопруг, а според странските медиуми, актерката ги дала фотографиите на ФБИ на увид.
На фотографиите се гледаат модринки на раката и лактот, до кои дошол „Page Six“.
Џоли тврди дека за време на тој лет Пит ја однел во тоалетот во задниот дел на авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал како им го уништува семејството, се вели во извештајот на ФБИ.
Бред, од друга страна, ги негира сите тврдења на поранешната сопруга.