ТРЕНД ОВАА ЕСЕН: Сигурно ги имате во ормарот, а топлите земјени тонови даваат ЕЛЕГАНТНА НОТА на вашиот стајлинг

popara13 октомври, 20221min00
3248_marcos-paulo-prado-hzxbhdkv0ne-unsplash_f

Со доаѓањето на есента се менува и бојата на гардеробата. Ова е трета сезона по ред во која топлите, земјени тонови се во мода.

Актуелни се сите нијанси на кафена боја – од капучино до карамела до темно кафеава.

И покрај тоа што долго време беше надвор од женската гардероба и беше означена како „досадна“, кафената се врати на големо и ни покажа дека може да изгледа многу луксузно и елегантно. Изгледа прекрасно со сите нијанси на беж, но одлично оди и со бордо, маслинесто зелена, окер, сива, па дури и сина!

Секое кафено парче облека ќе може да се носи на свој начин. Кафеаво здолниште или панталони се најпаметната инвестиција, но нема да погрешите со кафените аксесоари, џемпери, капути итн.

Кафеаво палто

Хит на есента. Црните парчиња заменете ги со кафени палта и комбинирајте различни варијанти на бои и облека. Фармерките се идеална комбинација под кафено палто.

Classic brown coat over comfy black turtleneck sweater and winter white  jeans. | Minimalistische mode, Mode, Outfit

Кафеава нијанса на панталони

Широките панталони се моден хит уште од пред две сезони. Не ги фрлајте од плакарот, погрижете се да ги истакнете сите панталони во кафени нијанси во преден план, бидејќи ќе се комбинираат до пролет.

Кафеава свечена тоалета

Долг, убав, сатенски фустан никогаш нема да излезе од мода, како ни малиот црн фустан. Која нијанса на кафена боја ќе ја изберете зависи од вас. Но, зачувајте го ова парче за свечени прилики. Со земјени тонови на шминка и шињон фризура, вие ќе бидете ѕвезда на вечерта.

Кафеава нијанса на здолниште

Белата кошула одлично оди со кафено здолниште, ако е деловен стил. Ако планирате ноќно излегување, само сменете ја кошулата. Здолништето е секогаш добитна комбинација.

Три нијанси на кафена боја

Популарниот „теди“ капут ќе биде апсолутен хит и оваа сезона. Лесно може да се комбинира со класични фармерки, џемпери и здолништа, а идеален е и за одење на состанок со пријателите или забава. Можете да го носите и со коктел фустан и бели чизми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma