Третман за БРЗ раст на трепките кој делува во текот на ноќта: Важно е да го нанесувате наутро и навечер

popara10 септември, 20221min00
29359_shutterstock-1219743472_f

Направете домашен третман за раст на трепките што ќе ги направи подолги и подебели

Очите важат за еден од најзаводливите делови на лицето, особено ако се придружени со бујни трепки кои даваат мистериозен изглед. Сепак, ретко која жена е задоволна од изгледот на трепките. Речиси секој би сакал да има подолги и погусти, за да не троши време нанесувајќи маскара секое утро.

За многумина дури ни маскарите не го даваат посакуваниот ефект бидејќи трепките им се ретки и кратки. Во последните години се појавија бројни третмани за продолжување и подигнување на трепките, но тие треба да се земаат со резерва, особено ако имате чувствителни очи склони кон алергии.

Доколку сакате да го стимулирате растот на трепките и да ги направите погусти, можете сами да си направите гел. Еве што ви треба за него:

Состојки:

чист гел од алое вера

1 ампула витамин Е

рицинусово масло

Подготовка:

Во стерилна тегличка истурете гел од алое вера, ампула витамин и неколку капки рицинусово масло. Сè добро измешајте и чувајте во фрижидер. Добро измијте стара четка за маскара и исушете ја, а потоа користете ја за да го нанесувате гелот на трепките секоја вечер пред спиење.

Доколку имате чувствителни очи, внимавајте да не влезе содржината на гелот во окото, туку нанесете го само по горниот раб на трепките. Ако се појави иритација, веднаш прекинете ја употребата и консултирајте се со лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma