Трикови за свежо цвеќе – дома имате се што ви треба, а ви требаат само ТРИ СОСТОЈКИ

popara30 мај, 20221min00
68570372562947b0337c22321219077_640

За жал, цвеќињата во вазна, иако во вода, не траат долго и брзо венеат. Но, за да ги задржите свежи, потребни ви се само неколку работи што ги имате дома.

Според „The ​​Sun“, една жена открила трик во видео кое го споделила на социјалните мрежи, поради кое вашите цвеќиња ќе траат подолго. Потребен ви е шеќер, свеж сок од лимон и избелувач. Сè што треба да направите е да ги измешате овие три производи и да ги ставите во вазна пред да го ставите цвеќето во неа. Трикот функционира затоа што шеќерот има хранливи материи, сокот од лимон им помага на стеблата да ја апсорбираат водата, а избелувачот ги намалува бактериите.

Уште еден совет за продолжување на животниот век на цвеќето, кој го препорачуваат стручњаците, е редовно да ги сечете стеблата со остри ножици, бидејќи тоа ќе им помогне уште подобро да ја апсорбираат водата. Но, предупредуваат да внимавате да сечете под прав агол, бидејќи со хоризонтално сечење на стеблата би добиле помалку вода, бидејќи целата површина би го допрела дното на вазната.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Корисниците во коментарите и се заблагодарија на Тиктокерка за триковите што ги покажа, а некои дури и дадоа свои совети.

“Одличен совет! Користам само белило и секогаш внимавам да ги извадам сите листови кои се во водата”, напишал еден корисник.

„Слушнав за белилото, но никогаш за сок од лимон. Досега само ја менував водата на секои два до три дена“, додал друг корисник, пишува „Вечерњи.хр“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma