Трикови за чистење на домот по ПРАЗНИЦИТЕ: За само неколку чекори вашиот дом повторно ќе БЛЕСНЕ

popara5 јануари, 20221min00
beaf612e3b0aabdb83616f6a8202904013da112d

Ефикасно и лесно средете го домот по празниците

Сезоната на празници се уште трае – подароците се отворени, храната е изедена и луѓето се дружат. Но, со сето тоа се заборави една важна работа – чистењето по празниците. Истурено вино, светки од украси и подароци, дамки од храна …

Постојат неколку трикови кои ќе ги олеснат овие неволји и ќе помогнат вашиот дом повторно да блесне на најдобар и најефикасен начин.

Иглички од елката

Без разлика дали е природна или вештачка, некои иглички секогаш паѓаат од елката. Иако вистинската новогодишна елка е убав додаток на секој дом за време на празниците, таа предизвикува долгорочно чистење поради паднатите игли и можната смола.

Нанесете малку сув шампон за теписи или средство за дезинфекција на раце и оставете го преку ноќ за смолата да „пушти“. Соберете ги иглите наутро, а потоа исчистете ги со правосмукалка.

Светки

Доколку имате светкави украси на вашата елка или користите светкава хартија за завиткување, голема е веројатноста дека светките ќе се залепат за подот.

Темелно исчистете го тепихот со малиот продолжеток на вашата правосмукалка. Што се однесува до самиот под, намокрете една крпа и избришете ги сите светки. Можете исто така да користите валјак за да ги отстраните влакната на подот и да ги отстраните сите остатоци од светките.

Бело вино

Ако вие или некој од вашите гости истури бело вино на тепихот, не грижете се бидејќи има многу решенија за чистење. Прво треба да се обидете да го избришете тепихот со сува крпа или хартиена крпа што е можно поскоро. Потоа користете мешавина од две чаши топла вода, една лажица бел оцет и една лажица течност за миење. Нанесувајте малку по малку и земете чиста бела крпа и тапкајте додека не го впие виното.

Црвено вино

Една работа од која сите се плашат е истурање на црвено вино, бидејќи е доста тешко да се отстранат неговите дамки. Сепак, не кревајте паника кога тоа ќе се случи за време на божиќните прослави, бидејќи постојат многу начини да ги отстраните трагите. Дамката од црвено вино на тепихот треба да се тапка, а не да се трие со обична крпа. Потоа ставете ја на дамката и оставете ја да отстои неколку минути за да го впие остатокот од течноста од дамката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag