
Отстранувањето на жолтите дамки од пот понекогаш бара многу време и енергија, но постојат едноставни начини како лесно да го решите проблемот.
Високите температури и зголемената физичка активност не тераат повеќе да се потиме. Влажните дамки под рацете или на грбот и непријатниот мирис предизвикуваат непријатност.
Сепак, најлошото е што на облеката често остануваат непријатни мириси и жолти дамки, дури и по миењето. Белата облека е секогаш најлоша кога се во прашање дамките, а се чини дека вообичаените методи за чистење не секогаш функционираат.
За среќа, постои едноставно решение и за овој проблем.
Се што ви треба за овој трик се:
1 дл алкохолен оцет
2 кесички сода бикарбона
1 лажичка сол
1 лажичка хидроген пероксид
2 чаши топла вода
Во длабок сад измешајте ги оцетот и топлата вода, па натопете ја облеката.
Измешајте сода бикарбона со водород пероксид и мешајте додека не добиете мазна паста.
Извадете ја облеката од растворот, добро исцедете ја, а потоа покријте ја дамката со оваа паста и оставете ја најмалку 20 минути.
Откако ќе отстои облеката, измијте ја на вообичаен начин и ќе исчезнат сите дамки и непријатни мириси.