Трик за длабоко чистење на мијалникот: Вашиот одвод може да крие многу нечистотија!

popara17 октомври, 20221min00
best-kitchen-sinks-4801594-jay-wilde-c7cfe5a945f84158a6eef3b25bdec316

Кујната одамна стана многу повеќе од место за подготовка на оброци. Всушност, кујната е центар за дружење со семејството и пријателите. Ова е веројатно една од причините зошто домаќинките секогаш го одржуваат нејзиниот изглед беспрекорен.

Сепак, одржувањето во никој случај не е лесно.

Покрај шпоретот кој на домаќинките им задава главоболка поради наслагите од маснотии, има и мијалник каде секојдневно се таложат бигор и остатоци од храна.

Иако многу луѓе користат силни хемиски агенси за да го вратат сјајот на мијалникот, но повеќето немаат поим што се крие во мијалникот.

Со оглед на тоа што ги миеме садовите со остатоци од храна во мијалникот, истураме талог од кафе и многу повеќе, логично е да мора да оди некаде, а каде на друго место освен во одводот, кој често се затнува поради сето ова?

За да го избегнете овој проблем, ви подготвивме трик.

Имено, дали знаевте дека под металниот дел во мијалникот има уште една метална решетка која служи за да не минуваат големи остатоци од храна? Веруваме дека одговорот е да, но дали знаевте дека можете и неа да ја извадите?

Ќе забележите завртка што ја држи прицврстена, која можете да ја одвртите дури и со обична лажица. Откако ќе го направите тоа, извадете ја завртката и со неа сè што доаѓа под неа. Тогаш ќе ја забележите нечистотијата што се насобрала во одводот.

@julia_m_si

@cleaningwithnaomix @cleanwithmekayleighx 🤢 #cleantok #springcleaning2021 #fyp #vjp #foryoupage #pourtoi #paravoce #sinkcleaning #cleaninghhhacks

♬ Vibe (If I Back It Up) – Cookiee Kawaii

Кога ќе завршите со чистењето, вратете сè на своето место.

Постапката можете да ја повторувате еднаш месечно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma