Овие девојки се убедени дека мажите исклучително ги привлекува црвената боја на ноктите и велат дека оваа теорија ја потврдиле и во пракса
Имено, трендот на таканаречената „теорија на црвени нокти“ неодамна се прошири и на Тик Ток. Оваа теорија вели дека црвениот маникир е неодолив за мажите, а многу корисници тврдат дека пробале и потврдиле дека делува. Девојка по име Мелиса Мартино сподели видео на својот профил објаснувајќи дека го пробала и теоријата навистина функционира.
-Никогаш не сум била повикана на толку состаноци ниту сум добила толку комплименти како во последните две-три недели со овие нокти. Ме викаа најмалку пет-шест пати да излезам, што не е нормално за мене – рече таа и ги покажа ноктите лакирани во црвено.
Нејзините следбеници набрзо ја преплавија со коментари, а реакциите беа различни. „Црвените нокти ги спојувам со црвен кармин или штикли, а потоа добивам само комплименти“, напишала една корисничка. “Се согласувам. Го пробав ова и толку многу момци ми кажаа дека ги сакаат моите црвени нокти“, прокоментира друга, додека трета девојка напишала: „Имав црвени нокти во последните неколку недели и никој ништо не ме праша. Добив само неколку комплименти од колешките“.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Но, Мелиса не е единствената. тиктокерката Британи Ен во својата неодамнешна објава сподели дека нејзините црвени нокти и помогнале да го најде сегашниот партнер. „Само да знаете, теоријата за црвени нокти функционираше“, рече таа, покажувајќи ги црвените нокти пред камерата и додаде: „Сега имам момче“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Но, зошто мажите ги привлекуваат црвени нокти?
Трендот докажа дека има многу докази кои сугерираат дека мажите ги привлекува црвената боја, а науката исто така ја поддржува таа теорија. – Црвената боја ги тера мажите да веруваат дека нивните жени се попривлечни и сексуално пожелни. Изгледа дека мажите не се свесни за овој ефект на црвената боја, а црвената не влијае на женската перцепција за привлечноста на другите жени, ниту на перцепцијата на мажите за општа допадливост, љубезност или интелигенција на жените, напишале психолозите Ендрју Елиот и Даниела Ниеста во 2008 година во својата студија, кој била објавен во списанието „Journal of Personality and Social Psychology“.