Трик кој може да ви помогне да ги отстраните непријатните мириси и дамки од облеката: Се што ви треба е СОСТОЈКА која ја имате во кујната

popara16 септември, 20221min00
4fa33ee594114aff4a737c6d717b73aca2dbbf8d

Состојка која ќе ви биде моќен сојузник во перењето алишта

Веќе е добро познато дека алкохолниот оцет може да го замени омекнувачот, бидејќи ги отстранува дамките и не остава мирис на оцет на алиштата, но неговата примена е многу поширока. За разлика од обичните детергенти и омекнувачи за алишта, алкохолниот оцет е природно средство за чистење, а исто така е и многу поевтин.

Еве 8 причини зошто алкохолниот оцет треба да стане ваш главен сојузник при перење облека:

  1. Истурете половина чаша алкохолен оцет врз алиштата пред да ги ставите во машината за перење. Оцетот ќе ја заштити бојата на облеката, ќе го зголеми ефектот на детергентот и ќе спречи да останат остатоци од детергент на облеката по миењето.
  2. Користете алкохолен оцет наместо омекнувач. Истурете го во преградата за омекнувач и оцетот уште подобро ќе ја заврши работата на омекнувачот, бидејќи алиштата ќе бидат помеки, а околината почиста.
  3. Киселината во алкохолниот оцет успешно ќе ги отстрани дамките од дезодоранси и трагите од пот од белата облека.
  4. Алкохолниот оцет ги неутрализира непријатните мириси на облеката, што значи дека без проблем ќе го отстрани мирисот на чад од нив.
  5. Многу е тешко да се отстранат животинските влакна од некои видови ткаенина, но алкохолниот оцет помага и тука. Едноставно додадете го во машината и влакната ќе исчезнат.
  6. Ако користите алкохолен оцет при перењето алишта, ќе го спречите и статичкиот електрицитет на вашата облека.
  7. Додадете 6 лажици алкохолен оцет во алиштата што ги миете рачно и оставете ги да отстојат половина час. На овој начин можете да перете и долна облека и костими за капење.
  8. И самата машина може да ја исчистите со алкохолен оцет. Оцетот ќе ги отстрани сите нечистотии како и трагите од бигор и мувла, пишува „Zadovoljna.hr“.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma