ТРИК КОЈ МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Исправете ја косата со пегла, но БЕЗ ИСПУКАНИ КРАЕВИ

popara18 ноември, 20221min00
676

Ако имате навика да се фенирате или да користите пегла, поточно преса, тоа не мора да значи дека вашата коса мора автоматски да биде сува со „расцепени“ врвови. Всушност, најважно е правилно да ја користите пеглата и на тој начин ќе го намалите оштетувањето на косата.

Испеглајте ја косата според овие правила:

Поделете ја косата на еднакви и тенки делови

Ова е првиот важен чекор, бидејќи големината на прамените влијае на тоа колку добро вашата коса ќе биде „испеглана“ и колку ќе биде оштетена.

Прамените не смеат да бидат премногу дебели за да може топлината од пеглата правилно да се распореди низ косата. Исто така, пред да поминете со пеглата, проверете дали добро и темелно сте ја исчешлале косата.

Нежно повлечете ја пеглата по прамените

Нема брзање кога ја пеглате косата. Бидете нежни со неа и тоа ќе резултира со убава, здрава и сјајна коса. Полека поминете ја пеглата низ секој прамен со еднаква брзина.

Не поминувајте повеќе од еднаш

Ако поминете со пеглата за коса 3-4 или повеќе пати на истиот прамен, ќе направите повеќе штета отколку корист. Високата температура може да ја оштети косата.

Дополнителни совети:

Косата мора да биде чиста пред употреба на пеглата. Ако не, ризикувате дополнително да ја оштетите;

Никогаш не ја пеглајте косата додека е мокра бидејќи тоа ќе ја дехидрира и ќе и го одземе сјајот. Се препорачува прво да се исуши, а потоа да се нанесе термичка заштита за косата (најчесто во форма на спреј).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma